Овој автомобил е обоен со електрична боја која може да се вклучи и исклучи со притискање на копче (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Трендовите за тјунинг и стајлинг на автомобили стануваат се почести од година во година, па понудата на различни „aftermarket“ делови и разни додатоци, како и начини за модификација и персонализирање на автомобилите се проширува од ден на ден.

Loading...

 

 

И тоа го вклучува LumiLor, електролуминисцентен систем за боење на каросеријата кој овозможува секоја површина покриена со него да се однесува како сијалица. „Електролуминисцентно“ всушност значи дека објектот „обложен“ со оваа обвивка може да емитува светлина кога низ него ќе помине електрична струја.

 

 

Loading...

Животниот век на LumiLor зависи од тоа колку електрична енергија користи одредена боја. Повеќе електрична енергија значи посветла боја, но и нејзин пократок животен век. Затоа, оваа необична облога може да издржи над 10.000 часа, а во некои случаи и до 50.000 часа.

LumiLor облогата е достапна во неколку Lumicolor бои: бела, сина, зелена, портокалова, жолта, виолетова, розова и „водени“ или „аква“ нијанси. Осветлувањето на одредена боја може да се контролира на неколку начини, така што ова необично осветлување може лесно да се вклучи или исклучи, да се активира ефектот на стоб, „секвенционирање“, како опција за „движење и звук“, односно осветлувањето може да го следи ритам на музика свирена со автомобил.

 

 

Производителот тврди дека Lumilor не е додаток кој ќе им се допадне на сите, но истакнува дека за оние кои се подготвени да потрошат пари на навистина уникатен тип на „поправање“ автомобили, нема ништо поуникатно од нивната „електрична боја“.

 

Loading...