Овие витамини се неопходни за жените по 35 години

Сподели со своите пријатели

Ако сте во четвртата деценија од животот и сакате да се чувствувате добро сега и уште многу години, вклучете ги овие вредни хранливи состојки или во вашата исхрана или како додаток (секогаш со согласност на вашиот лекар):

Loading...

Витамин Ц

Дали се чувствувате подготвени да „експлодирате“ од најмала причина? Можеби ви се виновни вашите хормони!

Од 35-та година, функцијата на јајниците почнува да опаѓа, што значи дека телото произведува помалку прогестерон – хормон кој ви помага да останете смирени.

За да одржите високи нивоа на прогестерон, потребен ви е витамин Ц. Треба да земате од 750 до 1000 мг дневно.

 

 

Loading...

Магнезиум

Сте чуле за луѓе кои страдале од грчеви во нозете затоа што немале магнезиум, но дејството на овој метал е многу посложено.

Важно е за жените постари од 35 години да имаат соодветно ниво на магнезиум, особено ако страдаат од ПМС (предменструален синдром), бидејќи неговиот недостаток предизвикува менструални грчеви, проблеми со спиењето и симптоми на анскиозност.

Покрај тоа, магнезиумот е неопходен за лачење на серотонин, хормон кој го крева нашето расположение.

Количината што и е потребна на жена од оваа возраст е 200-400 мг на ден.

 

 

Loading...

Витамин Д

Густината на коските кај жените го достигнува својот врв на возраст од 30 години, а потоа почнува да опаѓа.

За да избегнете остеопороза по менопаузата, потребен ви е не само калциум, туку и витамин Д – витамин неопходен за апсорпција на калциум, кој недостасува кај 25% од жените.

Едноставен тест на крвта ќе ви покаже дали ја имате потребната количина. Ако имате семејна историја на остеопороза, разговарајте со вашиот лекар за земање додаток на калциум и/или витамин Д.

Алтернативно, дополнете ја вашата исхрана со зелен зеленчук, сардини или храна збогатена со калциум.

 

 

Loading...

Омега 3

Бидејќи сигурно не јадете риба секој ден, големи се шансите да ви треба додаток во исхраната со омега-3 масни киселини, кои помагаат да се намалат нивоата на кортизол во крвта и да се борат против воспаленијата, што е извор на многу проблеми.

Стресот или депресијата се зголемуваат особено на возраст од 40 до 59 години. За да ги спречите, потребни ви се 2000 мг омега-3 на ден.

 

 

Loading...

Селен

Жenените имаат осум пати поголема веројатност да развијат проблеми со тироидната жлезда отколку мажите, а овие шанси се зголемуваат со возраста, но и со други фактори, како што е бременоста.

Значи, ако сега ставате 35 или повеќе свеќи на вашата роденденска торта, добро е редовно да се прегледувате за какви било проблеми со тироидната жлезда.

Покрај тоа, истражувањата покажаа дека внесувањето на доволни количини на селен е од суштинско значење за да се спречат ваквите проблеми.

Лесен начин да ја добиете препорачаната дневна доза од 55 mcg е да јадете 2-3 бразилски ореви 2-3 пати неделно.

Loading...