Овие седум намирници ќе ви помогнат да ослабнете: Го намалуваат апетитот, а не здебелуваат

Сподели со своите пријатели

Со чувството на глад и неодолива желба за храна се соочуваат сите оние кои сакаат да ослабат, и тоа е главниот предизвикувач поради кој многумина, порано или подоцна, се откажуваат од диетата. Затоа е добро да знаете која храна е ваш сојузник во борбата против вишокот килограми и со која долго време ќе бидете сити.

Loading...

1) Леќа – оваа храна содржи сè што е потребно за човечкото тело да биде здраво. Бидејќи е богата со растителни влакна, леќата влегува и во групата на храна што може успешно да ве засити подолг временски период, што е многу корисно за секој што сака да изгуби тежина.

 

 

2) Јаболки и круши – кога станува збор за овошје, нема подобро решение за намалување на апетитот од јаболката и крушата. Тие се исклучително здрави и пожелно е да се јаде барем едно од овие две овошја дневно.

3) Лути пиперки – лутите пиперки содржат капсаицин, кој го забрзува метаболизмот, а според многу студии, исто така, помага во намалување на апетитот.

4) Јајца – поради протеините со кои се богати, тие ќе ве држат сити долго време и се идеален избор за појадок. Бидејќи се многу хранливи, јајцата често се нарекуваат природни мултивитамини и суперхрана.

Loading...

5) Овес – овесот, според многу нутриционисти, е меѓу првите 20 најздрави намирници во светот. Ова не е изненадувачки, бидејќи овесот е богат со многу минерали, витамини, протеини и квалитетни масти. Се препорачува за појадок, бидејќи после тоа нема да чувствувате глад долго време.

 

 

6) Супа – бидејќи содржи многу вода, идеално е да јадете чинија супа пред ручек. Содржи многу малку калории, а после тоа ќе јадете околу 20% помалку од главното јадење, бидејќи ќе ве засити до тој степен.

7) Бадеми – бадемите се вистинска ризница на витамин Е, калциум, фосфор, железо и магнезиум. Тие се исто така богати со цинк, селен, бакар и ниацин. Бадемите се едни од најхранливите јаткасти плодови, а бидејќи се доста калорични, мала количина е доволна за да ве држи сити подолго време.

 

Loading...

Leave a Reply