Овие нови опции штотуку пристигнаа на Messenger и Instagram

Сподели со своите пријатели

Откако им дозволи на корисниците да испраќаат пораки помеѓу апликациите на Фејсбук и Инстаграм на почетокот на годината, американскиот интернет гигант сега воведува повеќе новини.

Loading...

Фејсбук само што овозможи да се поврзат групни разговорите помеѓу FBи Instagram, за да се овозможи подобра комуникација помеѓу двете популарни апликации.

 

 

Корисниците исто така ќе можат да ги видат контактите на Инстаграм во апликацијата Месинџер и ќе можат да ги поврзат директно од Месинџер до заедничка група за разговор, без да ја отворат апликацијата Инстаграм. И обратно.

За да може да се користи новата функција, потребно е однапред да проверите дали треба да ги ажурирате апликациите до најновите верзии.

Покрај заедничките групни разговори, кои се достапни за корисниците од 1 октомври, воведен е индикатор кој покажува кој член на групата во моментов ја пишува пораката.

Loading...

 

 

Новината стигна и до самиот Инстаграм, кој сега има опција за објавување анкети во групни и приватни пораки, како и новата опција Watch Together, што овозможува заеднично Messenger и Instagram гладење на IGTV видеа на корисниците.

Од сето ова, корисниците на Messenger исто така ќе можат да користат нови теми.