12.02.2019 09:39

Овие два дена се најкритични: Кој ќе го преживее „Црвениот вторник“?


Многу парови се радуваат на прославата на Денот на вљубените како најромантичен ден во годината. Но, само ако успеат да го истуркаат 12 февруари или „Црвен вторик“. Сигурно се прашувате зошто.

Звучи неверојатно, но само 28 часа пред најромантичниот ден во годината – Денот на вљубените, , е „Црвениот вторник“ или најдобриот ден за оставање.

loading...

Многу повеќе парови раскинуваат во неделата пред одбележувањето на Валентајн, споредбено со било која друга недела во годината. А најдобар ден за оставање е 12 февруари.

Ако може да се суди по неодамнешно спроведено истражување на еден сајт за брачни парови, повеќе од третина од испитаниците (37%) рекле дека ја прекинале врската со партнерот во неделата пред 14 февруари.

Како главна причина за раскинувањето се наведува заштедата на пари потрошени за купување подароци или за да се избегне притисок за давање лажни изјави на љубов.

Во анкетата учествувале 2000 испитаници. Околу 31 процент од нив рекле дека ги оставиле партнерите преку пишан текст, 28 преку телефон, а 27 отсто со пристоен разговор.

Има и такви кои раскинале преку Фејсбук (осум отсто) и Ватц ап (4 отсто). Два отсто од анкетираните признале дека го оставиле партнерот преку Твитер.

Истражувањето открило дека „Црвениот вторник“ е еден од најпопуларните денови и за состанци со љубовниците.

loading...

Осум од анкетираните кои имаат афера сепак одлучиле да го поминат Денот на вљубените со официјалниот партнер, додека еден од шест анкетирани ја оставиле својата втора половина и излегле на состанок со љубовникот.

Истражувањето покажало дека и оние кои имаат афера во просек трошат 90 фунти за подарок на љубовникот, а 50 за партнерот, пренесува „The sun“.

Периодот помеѓу Божиќ и февруари е популарно време за „пролетно чистење“ како на домовите така и на љубовните животи.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments