Овие дами се страв и трепет за убијците: Работат деноноќно со само една цел (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Активистката Холи Бадџ одлучна е во намерата да ги сочува слоновите од ловокрадците кои „дивеат“ низ Јужна Африка.

Чуварите за заштита на животната средина од Алресфорд, ги здружиле силите со „Црните Мамби“, спцијална единица која ја сочинуваат исклучиво жени кои се борат против илегалниот лов во Јужна Африка.

Со нивната помош, Холи се надева дека, преку својата фондација „Колку слонови“, ќе ја зголеми свеста за нелегалната продажба на предмети од слоновите, поради кои ловокраците ги убиваат овие животни.

Слоновите ќе патуваат 1.500 километри во потрага по помирно опкружување

Loading...

Холи истакнува дека меѓу овие жени владее вистинско сестринство и дека тие, освен една за друга, подеднакво се грижа и за децата и дивината.

Таа одлучила да започне кампања со која собира пари за помош на овиежени, кои деноноќно водат грижа за националните паркови и го едуцираат населението.

Според податоците од 2013. година, во африканската дивина има околу 350.000 слонови.

Leave a Reply