Овие 20 градови се прогласени за најдобри во светот

Сподели со своите пријатели

Њујорк се најде на втвот на листата најдобри градови во светот, според студијата на „Тајм Аут“. Градот е прогласен за надобар благодарение на одличната комбианција на ресторани и барови, култури и многу можности за забава.

Loading...

Секоја година врз основа на категории како храна, пијалаци, култура, гостопримливост, можноста да си го дозволите и среќата, се прави листа на најдобри градови во светот.

Њујорк на првото место е благодарение на разноликоста, живата музичка сцена и ноќниот живот.

Следува Мелбурн, кој е високо рангиран врз основа на категориите среќа, креативност, храна и чести музички концерти.

Чикаго е на третото место, кој е прогласен за најдобар благодарение на храната, пијалаците и доста можности за забава.

Лондон е на четвртата позиција благодарение на богатата култура, добра јрана и музика, а изгледа дека ниту Брегзит не ги враќа туристите. Токио, Њујорк и Лондон се градови кои најголем број туристи сакаат да ги посетат.

Во топ пет се најде и Лос Анџелес, благодарение на прекрасните ресторани и храна, па Бангкок, кој има одлични ресторани, но и улична храна и пазари.

Сепак, ниту еден град во светот не може да го победи Мадрид кога во прашање се баровите, клубовите, пиењето пиво и излегувањата, а овој шански град е на 11 позиција.

Loading...

Париз е на деветото место најдобри, но прогласен е за најпријателски во светот. Парижаните се многу почесто токолку жителите на остантите светски градови се дружат со пријателите, често излегуваат и посетуваат галерии и музеи.

Лас Вегас е град кој има најдобар ноќен живот во светот, но воедно е трет најскап град глобално, кога станува збор за излегувањата.

Вака изгледа листата 20 најдобри градови во светот:

  1. Њујорк
  2. Мелбурн
  3. Чикаго
  4. Лондон
  5. Лос Анџелес
  6. Монтреал
  7. Берлин
  8. Глазгов
  9. Париз
  10. Токио
  11. Мадрид
  12. Кејптаун
  13. Лас Вегас
  14. Мексико сити
  15. Манчестер
  16. Филаделфија
  17. Барселона
  18. Буенос Аирес
  19. Лисабон
  20. Вашингтон

Leave a Reply