Овие 10 јазици е најтешко да ги препознаете

Сподели со своите пријатели

Дури и да не зборувате англиски, шпански или француски јазик, сосема е сигурно дека би можеле да ги препознаете кога ќе ги слушнете. Сепак, голема е веројатноста дека не можете да го препознаете јазикот канада, кој го зборуваат околу 40 милиони луѓе во јужниот дел на Индија.

Статистичките податоците соберени од „The Great Language Game“, игра во која играчите погодуваат за кој јазик станува збор, покажале дека канада воедно е најмалку препознатливиот јазик во светот.

Советникот на претседателот Иванов знае 56 јазици (видео)

Loading...

Анализата на повеќе од 15 милиони одговори ја дала следната листа најнепрепознатливи јазици:

1. Канада – 39 отсто

2. Фиџиски – 41,5 отсто

3.Шона – 43,87 отсто

4. Динка – 44,13 отсто

5. Хауса – 44,5 отсто

6. Тигриња – 45,53 отсто

7. Јужноефатски – 45,86 отсто

8. Дари – 46,38 отсто

9. Малтешки – 47,98 отсто

10. Индонезиски – 49,38 отсто

Има четири години, а зборува седум јазици (видео)

Листата најпрепознатливи јазици (според процентот на точни одговори) изгледа вака:

1. Француски – 93,63 отсто

2. Германски – 91,26 отсто

3. Шпански – 89,16 отсто

4. Италијански – 88,88 отсто

5. Руски – 87,27 отсто

6. Корејски – 86,76 отсто

7. Јапонски – 85,97 отсто

8. Мандарински – 85,95 отсто

9. Виетнамски – 84,17 отсто

10. Кантонски – 83,15 отсто

На пет години зборува девет странски јазици и „чита мисли“ (видео)

Се испоставило дека сличноста помеѓу два јазика често била значителен параметер за погрешно препознавање на јазикот од целосното негово непознавање.

На пример, канаду јазикот луѓето често го мешале со индиските јазици и тоа најмногу со панџабскиот јазик (во 55 отсто од случаите).

Друг пример се романскиот и бугарскиот, кои учесниците на анкетите исто така ги мешале и поракј тоа што не припаѓаат на иста лингивстичка група, туку се работи за две соседни земји.

УНЕСКО: Во Македонија се зборуваат 7 загрозени јазици

Овие резултати исто така треба да се земат со резерва, затоа што најголемиот број на IP адреси се на испитаници од територијата на Европа и Северна Америка.

Учесниците кои доаѓаат од другите региони – Азија, Јужна Америка, Пацифик, Африка и Антарктик (11 луѓе?!) допринеле во анкетата со 1,6 милиони одговори.

Треба да се земе предвид дека во играта имало поудено 78 јазици во однос на 7.000 колку ги има ширум планетата, а тука е и фактот што испитаниците ја популнувале анкетата на англиски јазик.

На следната страница прочитајте за седумте загрозени јазици кои се зборуваат во Македонија

Pages: 1 2