Оваа професија е најбарана во Германија

Сподели со своите пријатели

Проектот „Triple Win“, кој работи во рамките на германската организација за меѓународна соработка ГИЗ, денеска го објави последниот конкурс за вработување медицински сестри и општи и педијатриски техничари во Германија.

Loading...

Пријавите се примаат до 4 октомври, а во моментов постои голем интерес за педијатриски медицински сестри кај германските работодавци. Во една клиника во земјата моментно се бараат 20 педијатриски медицински сестри.

Пријавите се доставуваат до Националната служба за вработување и главниот услов за заинтересираните е да имаат завршено четиригодишно медицинско училиште. Поради тешкиот процес на нострификација на дипломите, преквалификација на студенти не се примаат.

Кандидатите исто така треба да имаат минимум шест месеци искуство во последните пет години. Познавање на германски јазик за влез во проектот не е потребно.

Leave a Reply