Оваа прекрасна вила никој не сака да ја купи, а еве и зошто (фото)

Сподели со своите пријатели

Вилата на кралот Леополд Втори започнала да се гради во 1830 година, а завршена е во почетокот на 20 век. Кралот ја наменил за својата љубовница, а денес е најскапата куќа во светот и се продава по цена од неверојатни милијарда долари.

Моменталниот сосптвеник на куќата е Сузан Марни од семејството Гранд Марни. Куќата во сопственост на нејзиното семејство се наоѓа од дваесетите години на минатиот век. Семејството стекнало големо богатство, но сега сепак бара некоја помала куќа за живот, пишува „Дејли мејл“.

Вилата има 10 спални соби, неколку мали базени и еден олимписки. Во нејзини рамки е и една од најголемите градини во Европа која се протега на 15 хектари. Во неа има 1.500 различни растителни видови и дваесетина стакленици со ретки тропски видови.

Во вилата има и балски двор, како и штали за 30 коњи.

Вилата се продава уште од летото 2016 година, но купувачи се уште нема.

Изгледа дека едиснтвен проблем е цената од милијарда долари, која е превисок дури и за оние со предлабоки џебови.

https://www.instagram.com/p/BAVSJDtFHB5/

Loading...