Оваа мајка зема алиментација за децата, а парите ги троши во козметички салони (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најголемата причина што многумина не ја плаќаат е тоа што многу жени размислуваат вака и парите за детето ги гледаат како џепарлак , напишал еден Тиктокер во коментарите.

Loading...

Мајката на три деца, Шкотланѓанката Сузана, неодамна предизвикала куп негативни коментари кога во своето видео на „ТикТок“ рекла  дека ги зема парите од алиментацијата на поранешниот сопруг -за одење кај козметичар.

 

 

– Кога тој не сака навреме да плати за издршка на детето, сега нека плати за депилација – рече таа во видеото, и иако подоцна во коментарите напиша дека само се шегува, повеќето од следбениците не ја криеја својата огорченост со тврдења дека парите за деца одат за депилација.Покрај тоа, Сузана предизвикала жестока дебата на интернет дали мажите треба да платат за одржување на дете со кое во секој случај не живеат.

– Најголемата причина што многумина не ја плаќаат е тоа што многу жени размислуваат вака и парите за детето ги гледаат како нивни џепарлак – напиша еден Тиктокер, пренесен од „Сан“.

 

Loading...

 

– Едноставно кажано, спонзоруши! – додаде друг со тој тон и продолжи, велејќи дека „жените како неа не смеат да имаат деца“ и „како се надева дека децата нема еден ден да гледаат како нивната мајка ги троши нивните пари .“

Подоцна, во коментарите на Сузана, таа напиша дека никогаш не добила алиментација, и дека се уште е во среќна врска со таткото на трите сина, и додаде дека самата работела како козметичарка, така што нема потреба да оди во други салони и плаќа за нивните услуги.

– Можам да се депилирам секогаш кога ќе ми текне и дури и не ми требаат пари за тоа! – напиша таа, но тоа не ги смири целосно тензиите на интернет. Меѓутоа, некои застанаа во нејзина одбрана, коментирајќи дека, без разлика на што ги троши парите, на крајот сепак се грижи за децата и нивните потреби.

 

 

Loading...

– Таа е таа што ги поддржува децата секој ден, со или без помош, без разлика на се, и се грижи да има пелени, храна, облека и други работи; зошто воопшто е важно дали троши за козметичар ако децата се опремени? – праша една жена, а другата цинично заклучи дека „целата потера по оваа мајка е само спин на мажи кои сакаат да избегнат да платат сопствена алиментација, па затоа бараат разни изговори за тоа .

 

@suzannescott4

#savage #thankscunt #revenge

♬ Bezos I – Bo Burnham