Оваа фотографија крие ужас: Ја однела ќеркичката на излет, а потоа се скаменила од страв

Сподели со своите пријатели

Бјанка Дикинсон од Австралија ја однела својата ќеркичка на излет во природа.

Кога сакала да ја фотографија, забележала една ужасна работа – огромна змија која лазела под нозете на ќерка и. Отпрвин не го видела опасното животно зошто и личело на шипка која ја држи жичаната ограда.

Австралиската смеѓа змија е една од најотровните на светот, и токму таа се вртела меѓу нозете на девојчето.

Бјанка прво мислела дека е парче дрво, но потоа забележала дека се движи на само неколку сантиметри од малечката Моли.

„И натаму срцето ми трепери кога ќе ја видам таа фотографија. Помислив дека ќе ме удри инфаркт, изјави Бјанка Дикинсон.

Бјанка вели дека Моли за среќа била несвесна за животното што и се врткало околу нозете, и дека во спротивно најверојатно би врескала од страв.

-Кој знае што би било тогаш. Не смеам ни да помислам, рекла жената.

Подоцна открила дека во прашање е австралиска смеѓа змија, втора најотровна во тој дел од светот. Работата да биде поужасна, таа змија најмногу напаѓа луѓе во Австралија.