Оваа европска држава нема војска и има еден затвор кој е полупразен (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Лихтенштајн е уставна монархија на чие чело стои монарх, а владетелското семејство се уште живее во замокот изграден во 12. век.

Loading...

Ккнежевството Лихтенштајн прослави 300 години од своето основање. Оваа мала држава е сместена меѓу Австрија и Швајцарија, а по бројот на жители е шесттата најмала земја во светот.

Има еден тунел и железничка станица и пруга долга само 9,5 километри.

Во Лихтенштајн живеат околу 38.000 жители кои немаат обичај да ги заклучуваат вратите на своите домови, затоа што живеат во земја со најниска стапка на криминал во светот.

Последното убиство се случило пред 20 години.

Имаат само еден затвор, а затворениците кои се осудени на повеќе од две години затвор, казната ја издржуваат во Австрија.

Лихтенштајн е поделена на 11 општини, а главен град е Вадуц, во кој е стациониран силен финансиски сектор.

Со 25.000 жители, 13.000 странци си обезбедиле престижно право на престој во земјата. Секоја година се доделуваат десетина дозволи за престој, поради што околу 20.000 луѓе повеќе од половина од оние кои се вработени во кнежевството, мораат да живеат во Швајцарија или Австрија.

Loading...

Лихтенштајн е членка на Обединетите нации, Европското здружени за слободна трговија и Советот на Европа, и иако не е член на ЕУ, учествува во Шенген зоната и во Европскиот економски простор.

Оваа земја мудро се држи надвор од светската политика, ретко се споменува во медиумите иако е туристичка дестинација.

Како планинска земја, атрактивна е за зимски спортски дестинации.

Во Лихтенштајн има окол 250 километри асфалтиран коловоз, со 90 километри одбележани велосипедски патеки.

Официјалниот јазик на Лихтенштајн е германскиот. Според уставот католицизмот е офицјиална државна религија и има само еден бискуп.

Петнаесет банки со лиценца во Лихтенштајн првенствено се вклучени во управување со имотот. Најголемата банка „LGT“ ја поседува владетелското семејство.

Во споредба со бројот на жители ниту една земја нема толку компании како Лихтенштајн, една на секои осум жители.

Паметно се држат подалеку од сите можни конфликти, а последен пат во војна учествувале во 1866 година. Поради тоа војската не им е потребна.

Loading...

Leave a Reply