Оваа држава планира сексот надвор од брак да го прогласи за кривично дело

Сподели со своите пријатели

Овој месец, индонезиските парламентарци најверојатно ќе усвојат нов кривичен закон според кој сексот надвор од бракот ќе биде кривично дело казниво до една година затвор, потврди заменик-министерот за правда на земјата.

Loading...

Законот, доколку биде усвоен, ќе важи и за индонезиските државјани и за странците, пренесува Ројтерс.

Законската реформа ќе забрани соживот на две лица кои не се во брак и не се меѓусебно поврзани.

Казниво ќе биде и навреда на претседателот или државните институции и искажување ставови што се спротивни на државната идеологија на Индонезија.

Противниците на новиот закон изразуваат загриженост за штетата што правилата можат да ја направат на имиџот на Индонезија како дестинација за одмор и инвестиции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Канаѓанец починал на одмор во Куба. На семејството му испратиле погрешно тело

Десетици илјади луѓе демонстрираа против низа законски одредби, особено оние кои го регулираат моралот и слободата на говорот, за кои велат дека ќе ги ограничат граѓанските слободи.

Заменик-министерот за правда на Индонезија Едвард Омар Шариф Хиариеи изјави за Ројтерс дека новиот кривичен закон се очекува да биде усвоен на 15 декември.

Нацрт-законот има поддршка од некои исламски групи, но противниците истакнуваат дека документот ги загрозува либералните реформи донесени по падот на авторитарниот лидер Сухарто во 1998 година.

Loading...