Ова се условите на Киев за продолжување на преговорите со Русија

Сподели со своите пријатели

Советникот на началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Михаило Подољак, претстави список со барања за продолжување на преговорите со Русија.

Loading...

Ваквиот список следува откако портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека за да се постигне мир, Киев ќе мора да ги прифати руските барања.

Меѓту барањата наведени од Песков е и признавањето на Крим како руска територија и отстапувањето на Доњецк и регионот Луганск.

Подољак синоќа на својот Твитер профил изјави дека овие услови се итен прекин на огнот, повлекување на руските војници од Украина, враќање на киднапираните граѓани, екстрадиција на воени злосторници, механизам за репарација и признавање на суверените права на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: За прв пат соборивме руски стратешки бомбардер Ту-22М3

– Руската страна добро ги знае нашите услови. Шефот на Песков не треба да се грижи: ќе дојде време кога ќе ги поправиме на хартија – нагласи тој.