Ова се најскапите часовници во светот – цени и до 30 милиони долари (видео)

Сподели со своите пријатели

Малку е познато дека часовите се статусен симбол, иако по нив може да се заклучи каква е имотната состојба на луѓето. Богатите обично имаат уникатни часовници чии цени се назамисливи за обичните луѓе.

Тие часовници се скапоцени од многу причини. Главните се тоа што се произведени од скапи и ретки делови, како што се ретки дијаманти, злато, платина, метеорски камен, коски од диносаурус и други екстремно скапи материјали.

Во продолжение дознајте кои се петте најскапи часовници во светот.

5. Louis Moinet метеорски часовник од 4.600.000 долари

За правење на овој часовник требало да се донесат камења од вселената – метеори. постојат само четири примероци од овој часовник и секој по нешто е посебен. Вреднсота на секој од нив е околу 4.600.000 долари.

„Tourbillon Moon“ содржи рачно обработен фрагмент од реткиот метеор Dhofar 455. Тоа е автентично парче од Месечината кое паднало ан Земјата и е старо неколку илјади години. Часовникот „Tourbillon Asteorid“ е изработен од таинствен метеор Itqiy, кој се наоѓа во близина на Сонцето и е формирано илјадници години пред да сигне до Земјата.

Во часовникот со име „Tourbillon Rosetta“ освен каменот се наоѓаат и екстремно ретки делови од метеор Сахара 99555 кој веројатно потекнува од Меркур. Експертите проценуваат дека каменот е стар 4,6 милијарди години.

Loading...

4.  Hublot-Big Bang – 5.000.000 долари

Цената на овој часовник е „скромни“ 5 милиони долари. Произведувачот овој часовник го направил од само еден материјал, а се работи за дијамант. Се обидел да дознае колку дијаманти може да се стават и успеал во него да стави дури 1.280 дијаманти, при што секој има најмалку три карати.

Дури година дена траела потрагата за овие благородни камења низ целиот свет, но се исплатило поради финалниот резултат.

Камењата ги резбар познат златар од Њујорк со повеќе од 40 години работно искуство за да секој дијамант има ист рез. Инаку, сопствениот на овој часовник е раперот Џеј Зи.

https://www.youtube.com/watch?v=nUhdftOzq9A

3. Chopard 201k – 25.000.000 долари

Часовник со 874 ретки дијамант е продаден во 2000 година за 25 милиони долари и бил на насловниците на сите луксузни магазини. Благородните камења не биле сложени по некаква шема или дизајн па затоа му недостасуваат финеси за привлченост. на крајот сепак малку е комплицирано да се процени колку е часот.

2. Хенри Грејвс – 26.000.000 долари

Овој скапоцен и луксузен часовник името го добил според њујоршки банкар кој во 1925 година ја нарачал неговата прва изработка. Единственост кај овој часовник е тоа што освен што покажува точно време, џебниот часовник Хенри Грејвс пружа и други информации.

Швајцарските произведувачки кои стојат зад реномираниот бренд „Патек Филип“ потрошиле три години на истражувањ еи уште пет на процесот на изработка, за да конениот производ го направат со дури 24 функции.

Покрај точното време, часовникот со милионска вредност покажува и датум, лунарен календар и време на изгревање и заоѓање на сонцето во Њујорк. Содржи 18-каратно злато и до 2013 година бил најскапкиот часовник.

Со години бил во сопственост на шеикот Сауда Бин Мохамен Блин Али-Танија, кој во 1999 година платил 11 милиони долари за него, а потоа го поглонил на аукциската куќа „Sotheby“ за да покрие свои долгови.

1. Breguet Grande Complication Marie Antoinette – 30.000.000 долари

Вреднсота на овој часовник се проценува на вртоглави и неверојатни 30 милиони долари. Го нарачал наводен љубовник на француската кралица Марија Антонета. Изработката ја започнал Абрахам-Луј Бреже во 1782 година, а часовникот го завршил неговиот син во 1827 година, четири години по неговата смрт. Бреже го опчинил со злато и неговиот механизам го направил отворен. За да го намали триењето користел сафир.

За жал, кралицата Марија Антонета не го видела часовникот затоа што бил завржен 34 години по нејзиното погубување. часовникот во доцните 1900-ти бил украден и повторно вратен во 2007 година. Моментално се наоѓа на сигурно во музејот Мајер во лос Анџелес.