Ова се најплатените ТикТок ѕвезди во светот: Лани заработиле милиони!

Сподели со своите пријатели

Ѕвездите на TikTok можат да добијат до половина милион долари за една објава, иако обично заработуваат помеѓу 100 и 250 илјади долари во просек по објава, што е повеќе од двојно во споредба со 2020 година.

Loading...

 

 

Најголемите ѕвезди на ТикТок ја проширија својата слава надвор од оваа социјална платформа, што резултираше со големо зголемување на заработката во претходната година.

 

 

Loading...

Најплатените ѕвезди заедно заработиле 55,5 милиони долари во 2021 година, што е за 200 отсто повеќе од претходната година.

Иако се обидуваат да ја прошират својата слава надвор од оваа социјална платформа, најголемиот дел од нивната заработка, обично 30 до 50 отсто, сепак доаѓа од спонзорирана содржина, каде корпорациите плаќаат за да го рекламираат својот производ на профилите на социјалните мрежи.

 

 

Бидејќи ТикТок порасна на повеќе од милијарда корисници ширум светот, компаниите како Amazon, Louis Vuitton и McDonald’s се повеќе инвестираат во такви реклами.

 

Loading...

 

Ѕвездите на TikTok можат да добијат и до половина милион долари за една ваква објава.

Тик-токерите ја разбираат публиката што огласувачите сакаат да ја достигнат затоа што се приближно на иста возраст.

Сите на листата на Форбс на оние кои заработуваат најмногу се помлади од 25 години.

 

 

Првите две места ги заземаат сестрите Чарли и Дикси Д’Амелио, кои се споредуваат со сестрите Кардашијан, бидејќи тие веќе ја имаат нивната Хулу серија „The D’Amelio Show“, чија премиера беше во септември.

Loading...

 

 

Сестрите имаат и линија на облека „Social Tourist“, заедничко вложување со Hollister, која се продава во околу 500 продавници.

Сето тоа помогна да се зголеми нивната заработка на 27,5 милиони долари, од помалку од 7 милиони долари една година порано.

 

Loading...

 

Но, славата и парите можат брзо да дојдат и да си одат, за што сведочат трите новодојденци на оваа листа, Бела Поарч, Авани Грег и Крис Колинс.

Листата на 5те најплатени тиктокери изгледа вака:

1. Чарли Д’Амелио: 17,5 милиони долари

Loading...

2. Дикси Д’Амелио: 10 милиони долари

3. Адисон Реј: 8,5 милиони долари

4. Бела Поч и Џош Ричардс: 5 милиони долари

5. Крис Колинс и Авани Грег: 4,75 милиони долари