Ова се најголемите сексуални фантазии кај мажите и жените

Сподели со своите пријатели

Група научници спровела истражување за сексуалните фантазии на 1.516 испитаници кои добиле листа од дури 55 најразлични сексуални фантазии, од секс со повеќе партнери до секс кој вклучува објекти и животни.

Било потребно секоја фантазија да се оцени според интензитетот, а онаа омилената да се опише што е можно подетално.

Како најпопуларна фантазија кај двата пола се истакнал секс кој вклучува романтични чувства.

Изненадувачки, зарем не? Неочекуваниот секс и сексот на необични места исто така биле при самиот врв на листата.

Меѓутоа, тука не е крај на интересните податоци. Дури 65% од жените ја избрале сексуалната потчинетост како една од омилените сексуални фантазии.

Повеќе од 52% од жените се одлучиле за различни варијанти на вржување, 36% фантазираат за спанкинг, а 29,9% фантазираат за тоа мажот да ги присилува на секс.

Фраерите исто така се палат на вакви фантазии, но тие сепак предност даваат на фантазирањата за оралниот секс, секс во бракот, секс со неколку жени и ејакулација по телото на партнерка.