Ова се најчудните луѓе кои некогаш постоеле (фото)

Сподели со своите пријатели

Имале необични и ретки физички деформации, но и покрај тоа воделе нормален живот. Во минатото ги нарекувале канази и ги прикажувале по селските забави, но некои од нив сосема пристојно заработувале од своите различности.

 

Loading...

Маурис Тилет, познат како „Француски ангел“

Маурис во почетокот на 20 век бил во два наврати првак во бокс во тешка категорија и филмска ѕвезда во текот на 40-те години. Кога бил тинејџер му била детектирана акромегалија поради која коските претерано му растат и се здебелуваат.

Ела Харпер, позната „девојка камила“

Прекарот го добила затоа што наместо на две одела на четири нозе. Ела е родена со чудно ортопетско пореметување, поради што нозете и се превиткувале во спротивна насока од нормалното. Работела во циркус и заработувала импресивни 200 долари неделно. Живееле аод 1870 до 1921 година.

Фани Милс, позната како „Госпоѓица Бигфут од Охајо“

Фани имала Милројова болест поради која нозете и нараснувале до абнормално големи димензии. Нејзините стопала достигнувале максимална должина од 43,2 сантиметри.

Френк Лентини, познат како „Големиот Лентини“

Френк имал целосно функционална трета нога која останала како преостанат дел од неговиот сијамски близнак од кој бил оделен. Животот го поминал низ американските циркуси. Се оженил и имал неколку деца.

Џин Либера, познат како „Човек со двојно тело“

Паразитски близнак на Џин му бил закачен за градниот кош. На ренгенските снимки се гледа и мала голава во обем од 15,2 сантиметри во неговото тело. На близнакот дури му дал и име – Џакус.