Ова се грешки кои ги правиме со кондомите!

Сподели со своите пријатели

За да кондомот претставува вистинска заштита, треба да знаете и како да го корситите. Оваа се грешките кои сите ги правиме.

Го држите кондомот во паричникот или во задниот џеб

Презеративите се растегливи, но не и семоќни. Поголемиот дел од мажите држат едно парче „за дај боже“ во паричникот кој потоа го ставаат во задниот џеб на панталоните. Триењето и покачените температури при притискање или седење на кондомот ја намалува неговата ефикасност во заштита. Ако забележите дека партнерот посегнува по паричникот, понудете го со својот кондом во оргинално пакување.

Не оставате доволно празен простор на врвот на кондомот

Ако не оставите доволно слободен простор, оклу 1,3 сантиметри на врвот на кондомот, ризикувате можност од пукање што ја поништува оргиналната функција на оваа контрацептивно средство.

Употребувате кондом со погрешна величина

Поголемиот дел од мажите има пенис со просечна големина на кој му одговараат вообичаени кондоми. Но, постојат и такви мажи чиј пенис е многу помал или поголем од просекот и кој би требало да користат презеративи наменети за нивната величина како во текот на сексот не би дошло до пукање или испаѓање.

Прекасно навлекување на кондомот

Некои парови вклучуваат кондом во сексуалните односи непосредно пред самото ејакулирање, што е сосема погрешен начин на користење на оваа контрацептивно средство. Не само што на тој начин не се штитите од бременоста туку не се штитите ниту од евентуалните полово преносливи болести.

Не сте го провериле рокот на траење на кондомот

И кондомите имаат рок на траење. Презеративот не е препорачливо да се употребува по неговото истекување па редовно проверете го датумот на кутијата. Немаат сите кондоми ист рок на траење туку тој зависи од брендот и видот на самиот производ. Презеративите со вграден лубрикант или оние со ефект на ладење имаат пократок рок на траење од класичните презеративи.

 

Loading...