Ова се градовите со најдобар квалитет на животот

Сподели со своите пријатели

„Дојче банк“ објави топ листа на 10 градови во кои најквалитетно се живее. Овој список е во рамките на годишниот извештај под назив „Mapping the world’s prices“, а во врска со квалитетот на живетото во 47 градови од светот.

Рангирањето е вршено врз основа на голем број различни фактори како што е целокупната моќ, безбедност, здравствениот систем, односот на цените на недвижностите и примањата, животните трошоци, градскиот превоз, климата и степенот на загаденост, пренесува „Бизнис инсајдер“.

Меѓу 10 градови во кои надјбро се живее се: Сиднеј, Амстердам, Бостон, Отава, Копенхаген, Цирих, Мелбурн, Виенда, Единбург и Велингтон.

 

Loading...