Ова се 10 најбезбедни авиокомпании во светот

Сподели со своите пријатели

Патниците на TripAdvisor сега веќе традиционално ги оценија светските авиокомпании, па сајтот ја објави листата на 10 најдобри за оваа година.

Loading...

Рангирањето се базира на милиони рецензии, оценки и коментари на патниците објавени низ целата измината година кои потоа биле анализирани со помош на алгоритми.

1. Singapore Airlines

Тоа е азиска авиокомпанија која седна на тронот втора година по ред, а освен што ја однесе титулата, патниците процениле и дека има најдобра економска класа.

2. Qatar Airways

Ако минатата година оваа компанија го зазема осмото место, оваа година скокна за шест позиции, а прогласена е и за авиокомпанија со најдобра бизнис класа што не изненадува со оглед дека седиштата можат да се спуштат и да имитираат кревети.

3. EVA Air

Тајванската авиокомпанија оваа година се најде на третото место, што е раст од две позиции, а патниците особено биле задоволни со просторот во економската класа и храната.

Loading...

4. Emirates

Најголемата блискоисточна авиокомпанија патниците ја оцениле послабо од минатата година па паднала за едно место. Сепак, првата класа  е прогласена за најдобра.

5. Japan Airlines (JAL)

Иако најголемата јапонска авиокомпанија оваа година се најде едно место подолу на листата најдобри, патниците особено ги пофалиле чистите авиони.

6. Southwest Airlines

Оваа американска компанија е најголемиот нискобуџетен авиопревозник во светот и втора година по ред го зазема шестото место на оваа листа. Компанијата се издвојува од останатите авиокомпании по тоа што нуди бесплатни алкохолни пијалаци и ужина во текот на летот и не наплаќа дури две парчиња багаж, што е многу необично со оглед на цените на летовите.

7. Azul

Бразилската авиокомпанија две позиции е повисоко од минатата година, а тоа во најголема мера се препишува на седиштата „Skysofas“ од економската класа, односно четири седишта кои можат да се поврзат и така да станат „просторен кауч за семејството, парови или пријатели кои патуваат заедно“.

Loading...

8. Air New Zealand

И покрај тоа што потона шест позиции, оваа компанија е прогласена како најдобра во категоријата Premium економска класа, а неговите патници особено го нагласиле широкиот избор на филмови и серии кои овој авиопревозник им ги нуди на летовите.

9. Jet2.com

Британскиот нискобуџетен авиопревозник паднал за две места годинава, но однел титула најдобар не само во Обединетото Кралство, туку во цела Европа.

10. ANA (All Nippon Airways)

Оваа јапонска компанија прв пат се најде на оваа листа, а високо е оценета поради услугата и односот кон патниците.

Leave a Reply