Ова не е портата на пеколот, но дефинитивно изгледа застрашувачки (видео)

Сподели со своите пријатели

Напа округот во Калифорнија најпознат по индустријата за вино и прекрасни пејсажи. Благодарение на бујните зелени ридови и долини прекриени со диво цвеќе, заслужено се вбројува во најдобрите места во Америка.

Толку да се види и истражи во овој преубав предел, а посебно се издвојува една од најголемите атракции, езерото Бериеса со својата величенствена појава.

Монтичело Дам Дрејн или „Дупка на славата“ во седмото најголемо вештачко направено езеро во Америка изгледа како некој вид подземен свет на кој можете да му пристапите кога ќе влезете во амбис.

Се смета дека ова е најголемиот од лив на светот, со отвор од 72 метри и излаз од 28 метри. Кога резервоарот е во полн капацитет, овој одлив може да испразни 362.000 литри вода во секунда.

Последниот пат одливот бил во акција пред повеќе од деценија, меѓутоа се се сменило благодарение обилните врнежи во јануари и февруари, кога е забележана рекордна количина на дожд која го подигнала нивото на езерото до максимално ниво.

Едно момче со својот дрон успеал да направи многу редок призор од овој пекол во акција. Се случува само кога езерото Вериеса е полно па „Дупката на славата“ почнува да го исфрлува вишокот на вода во потокот на другата страна на браната. Прекрасен и редок феномен секој пат воодушевува со единствена и преубава појава.

Loading...

Source: Drone almost swallowed up by Lake Berryessa glory hole by labcorpedu on Rumble