Ова француско село годишно го посетуваат над милион туристи (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во југозападниот дел на Франција сместено е мало шармантно село Рокамадур. Секоја година го псоетуваат околу милион туристи. Но, зошто? Први, Рокамадур е важна дестинација за христијанството, и тоа е така веќе илјадници години. Местото настално ант емелите на маријанското светилиште, а стана популарно по приказните за чудотворните ицелители на болести

Втора причина е самиот изглед на селото. Прекрасните градби одаваат помалку драматичен впечаток бидејќи е сместено на врвот на една карпа. Во 2016. година е проглассено за најомилено село во Гранција, а УНЕСКО го стави на листата за заштита на светското културно наследство.

 

Loading...

 

Меѓутоа, легендата која зборува за формирањето на селото никаде не споменува укажување на Богородица. Всушност, зборува за друг светец. Во ештерата која се наоѓа на карпата, околу 1100. година, пронајден е тело на маж, толку совршено зачувано што вендаш се поверувало дека се работи за светец.

Легендата вели дека телото било на светиот Закеј. Закеј бил порезник кого Исус го прегрнал откако овој рекол дека дава половина од своеот богатство на сиромашните и на оние на кои им е потребно. Дали пронајдетно тело навистина е на овој светец никогаш не е потврдено, но било доволна причина на оваа место да започне да се развива мало село.

Што може да се види?

Неколку важни атракции кои секако вреди да се видат постојат токму во оваа село, но самото по себе е голема атракција. Се потпира на карпата над реката, а толку е фотогенично што е тешко да се опиште. Со оглед дека се формирало на карпите, низ него минува само една улица „Rue de la Couronnerie“ со средновековни куќи од кои неколку се поприлично импресивини.

 

 

Во селото се наоѓаат неколку врати. Сите врати се утврдени со камени ѕидини, а „Porte du Figuier“ и „Porte Salmon“ се најубавите од сите. „Rue de la Couronnerie“ завршува со скали анречени „Grand Escalier“. Овие скали водат до мал плоштад на кој има осум религиски градби. Има вкупно 216 скалила кои верниците ги минуваат клечејќи.

На врвот на карпата во 1105. година изградена е мала капела. Во 1112. година дошол да живее игуменот Туле и тој во 1148. година објавил вест за првото чудо. Од тој момент па се до денес селото Рокамадур станува важно одредиште за верниците.

Со пари од христијанството се финансирала и изградба на голема базилика „Саинт Савуер“, а со текот на годините околу неа биле изградени и други верски згради на релативно мал простор. Една од тие верски градби е капелата „Notre Dame“ во која се наоѓа Црна Мадона. До капелата се наоѓа уште една помала на Св. Михаел и палатата на бискупот.

 

Loading...

 

Токму Црна Мадона била голем магнед за сите верници. Со статуата на црна Госпа, капелата е позната и по чудотворното ѕвоно кое ѕвони секогаш кога ќе се случи чудо на морето и ќе се спаси живот на некој моранр. По посетата на капелата продолжува искачувањето кон врвот на карпата каде се наоѓа „L’Hospitalet“, а завршната дестинација на сите им е прекрасното место од кое се пружа поглед врз целиот реигон.

Со оглед дека самото село со текот на годините го посетуваат околу милион луѓе, тешко дека таму ќе уживате во мирот. Местото секогаш е преполно со туристи, а најдобро време за посета е рано наутро кога е нешто помирно.

Leave a Reply