Ова е најскапиот галеб во светот, за него нудат скапи автомобили, но сопственикот не попушта

Сподели со своите пријатели

Галебот под името Крал живее во градот Адијаман во Турција, а неговиот сопственик Еркан Туркоглу се гордее со него.

Како што пишуваат странските медиуми, проценетата вредност на кралот е околу 100.000 лири односно 15.300 евра, а ако се прашувате зошто цената е толку голема, станува збор за посебно внимание при одгледувањето на галеб од овој вид, како и изгледот со кој плени.

Неговата вредност зависи и од други карактеристи, како бојата и староста.

Loading...

Кралот пред две години го купил Еркан Туркоглу од Турција од членикот на Здружението за заштита и одгледување на птици во Адијаман кога галебот имал две и пол години.

Еркан за медиумите рекол дека многумина сакале да го купат неговиот Крал, па му нуделе автомобили вредни од 5.000 до 6.000 евра, но тој не ги прифатил понудите.

– Доаѓаа луѓе и со замена за автомобил. Ми ги даваа клучевите, но не сакав размена. Тоа беа автомобили од 35.000 до 40.000 лири, а за Кралот сакам 100.000 лири, објаснил сопственикот на оваа убаво животно.

Leave a Reply