Ова е најскапата амбасада која САД ја имаат направено во светот

Сподели со своите пријатели

Новата американска амбасада за која минатата недела претседателот Доналд Трамп рече дека е прескапа и на лоша локација, отворена е во Лондон.

Амбасадата, која се наоѓа во некогашната индустриска област на југот на Лондон, ќе ја замени амбасадата на Гросвонер плоштадот, кој е продадена на инвестициски фонд на катарската влад аи ќе биде претворена во хотел, пренесува АП.

Трамп минатата недела објави дека нема да присуствува на отворањето на новата амбасада, затоа што смета дека таа претставува лоша инвестиција, а за ивисоките трошоци ја обвини администрацијата на својот претходник Барак Обама.

Американските служби велат дека изградбата на новата амбасада чинела милијарда долари и дека е платена од продажбата на имотот на американската влада во Лондон.