Ова е најопасното место во авионот

Сподели со своите пријатели

И покрај студиите со кои се докажува дека еден од најбезбедните начини за патување е лет со авион, нема место во авионот кое е „сигурно“, барем кога во прашање се бактериите.

Loading...

Здравиот разум вели дека јавните тоалети, па така и во авионот, се легло на бактерии, а истото важи и за оние масички на извлекување, и сето тоа веројатно не го допирате. Или барем свесно и внимателно бришете ги рацете со влажни марамици потоа.

Но, верувале или не, најголема „опасност“ вреба од малите отвори за вентилација. Неодамна е спроведено истражување со кое на пет аеродроми се тестирани по четири авиони и се покажало дека на тие места живеат повеќе бактерии по квадратен сантиметар отколку на копчето на казанчето за вода кое морате да го притиснете за да ја повлече водата во тоалетот, пренесува „Хафингтон пост“.

Грдо зар не? За жал, немате многу избор. Или ќе трпите кливата да „дува“ директно кон вас во текот на летото или ќе ги добирате целите колонии бактерии. Но, можете тоа барем да го направите преку хартиени марамчиња. Добро избришете ги рацете со влажни марамички потоа.

Leave a Reply