Ова е најдобрата фотографија за 2018 година

Сподели со своите пријатели

На традиционалниот фото конкурс на „National Geographic“ оваа година пристигнале скоро 10.000 дела од целиот свет, кои ја претставуваат нашата планета како чудно, возбудливо, преубаво, а понекогаш и опасно место. Сепак, една особено се издвоила под поимот „нереално“.

Loading...

Фотографијата која била избрана за победничка фотографија за 2018 година ја направил Џејсен Тодоров, инструктор за летање и виолинист. Прикажува поглед на „гробишта“ на илјадници „ауди“ и „фолксваген“ автомобили од птичја перспектива во калифорниската пустина Мохаве. И секако постои добра причина зад оваа глетка.

Имено, автомобилите произведени помеѓу 2009 и 2015 година биле дизајнирани да мамат на тестовите за емисија на гасови. По скандалот, Фолксваген повлекол милиони автомобили.

– Се надевам дека сцената како оваа ќе помогне да станеме посвесни и повеќе да се грижиме за нашата преубава планета, рекол Џејсен.

Годишниот фото конкурс привлекол учесници од повеќе од 150 држави, а наградени се фотографии во три категории: места, дивина и луѓе, додека почесно место добила фотографијата на Синото езеро на јапонскиот остров Хокаидо.

https://www.instagram.com/p/BrDRM6sAXCT/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bqfpf_xFNYR/

Leave a Reply