Ова е најбараниот зачин во светот

Сподели со своите пријатели

Љубителите на сладоледот од ванила би можеле наскоро да останат без своето ледено освежување.

Поради недостаток на овој зачин и намалувањето на старите залихи, произведувачите на сладолед ширум светот се присилени да го прекинат производството на сладолед од ванила.

Цената на ванила во последните две години достигна рекордна вредност – килограм од овој популарен зачин моментално чини 600 долари, што е повеќе од што чини килограм сребро, пишува ВВС.

Повеќе од 75 отсто ванила се одгледува на Мадагаскар, а причината за растот на цената е циклонот кој минатата година уништи многу тамошни плантажи.

– Без оглед на надежта дека цените ќе престанат да растат, тие и натаму се многу високи затоа што побраувачката е голема, рекол аналитичар на пазарот Џулијан Гејл.

Leave a Reply