Ова е главна карактеристика на интелигентните луѓе, а досега се сметаше за маана

Сподели со своите пријатели

Во секојдневни ситуации, луѓето постојано се жалат дека често забораваат, што може да биде доста фрустрирачко.

Loading...

Иако се третира како лоша особина, заборавањето е всушност знак на интелигенција, тврдат научниците.

Имено, едно канадско истражување покажа дека добрата меморија на мозокот е преценета, и дека нејзината спротивност – заборавноста е всушност показател за висока интелигенција.

„Добро е мозокот да заборави помалку важни работи затоа што тогаш може да се фокусира на работи што можат да му помогнат да извршува задачи и да носи одлуки“, вели авторот на студијата Блејк Ричардс, како што објави Индипендент.

Пет работи кои ги мачат најинтелигентните луѓе

До неодамна, оваа карактеристика се сметаше за човечки недостаток и многу конфликти се јавуваат кога една личност постојано заборава на ситниците од секојдневниот живот, но се чини дека не е толку лошо.

„Каков вид на информација ќе се запомни зависи од ситуацијата. Меморијата е под влијание на околината, односно важноста на тоа опкружување. Ако тоа е ситуација што нема да се повтори наскоро, луѓето ќе ја заборават”, вели Ричардс.

Како пример, тој ги наведува работниците во супермаркетите кои гледаат многу различни луѓе во еден ден и можеби никогаш повеќе нема да ги видат – овие луѓе едноставно нема да бидат врежани во нивната меморија.

Loading...

„Од друга страна, имаме келнер од локално кафуле што ќе се сеќава на луѓето кои доаѓаат кај него повеќе од еднаш. Очигледно е најдобро да чувате спомени ако не паметите апсолутно сè”, забележува тој и додава:

Ако се обидувате да донесете одлука, тоа ќе биде невозможно затоа што вашиот мозок постојано е бомбардиран со бескорисни информации. Луѓето со добра меморија честопати се идеализираат, но поентата на запомнување е да запомнат ситуации што се важни за животот “.

Работи кои интелигентните луѓе никогаш не ги прават

Leave a Reply