Ова е еден од најопасните аеродроми во светот (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Аеродромот Гибралтар или Норт Фронт е еден од поспецифичните, со оглед на тоа дека неговата писта ја пресекува локалниот пат.

Пистата е долга околу 1.800 метри, а се наоѓа покрај најфрекфентниот градски пат, „Авенија Винстон Черчил“, која при секое полетување или слетување на авион се затвора така што се спуштаат рампи како на премините преку пруга.

Во тие случаи се создаваат големи сообраќајни метежи, затоа што рампата може да биде спуштена и до два часа.

Отворен „Најбескорисниот аеродром во светот“: Вложиле 330 милиони, а не можело да се слета!

Loading...

Аеродромот Гибралтар е направен преку улицата затоа што недостасувал рамен простор, со оглед дека се наоѓа на мал полуостров кој има површина од само 6,8 квадрани километри.

Норт Фрон аеродромот за среќа не е прометен и има само околу 30 слетувања и полетувања неделно и сите се од или за Велика Британија.

 

 

Поради безбедноста на патниците, како и оние кои се во авионот, така и оние во автомобилите, постојат бројни сигурносни мерки, како што се рампи, преку сообраќајните знаци предупредувања, но и натписи на кои пишува да не се фрлаат отпадоци на делот од патот кој ја пресекува авионската писта.

– Сега преминувате преку активна писта. Фрлањето топад може да доведе до фатален инцидент. Сетете се дека еден ден вие може да бидете во тој авион, стои во предупредувањето.

За да сообраќајот полесно функционира, постојат планови за изградба на тунел со четири сообраќајни ленти кои би минувале под пистата. Тие постојат од 2007. година, а тунелот требал да биде готов во 2009. година, меѓутоа работите и натаму траат.

Тоа секако најмногу би користело на локалното население кои се брза да стигне до градот кој е одалечен само 460 метри.