Ова бебе прерасна во најголемиот монструм во историјата (фото)

Сподели со своите пријатели

Ова бебе е родено во австрискиот град Браунау на 20 април 1889 година како четврто од вкупно шест еца на царскиот чиновник Алојз Хитлер и неговата жена Клара.

Сега веќе погодувате за кого станува збор. Од сите деца преживеале само Адолф и неговата сестра Паула. Алојз бил вонбрачен син на Ана Марија Шиклгрубер, а во својата четириесетна година од животот го променил презимето во Хитлер, што значи „ситен сопственик“.

 

Loading...

 

Алојз по трет пат се жени и тоа со својата блиска роднина Клара Пелцл, која уште од 1876 година со ненаполнети 16 години започнала да работи како слугинка во домаќинството на Алојз Хитлер.

Скриен лавиринт: Истражувач од Полска тврди дека го пронашол бункерот на Хитлер

Семејниот живот на семејството Хитлер бил без нималку хармонија и среќа. Имено, Алојз цело време се трудел својот силен статус кој го имал на работа да го пренесе и дома. Па така тој тежнеел да биде авторитативен и заповеднички настроен сопруг и татко.

Во сеќавањето на полубратот на Хитлер, Алојс и полусестрата Ангела, се зачувало сеќавањето на суровиот однос на таткото кон Адолф и на тешкииот ќотек кој морал да го поднесе. Мајката на Адолф инаку нивна маќеа се обидела да го заштити синот.

Славните цитати на Адолф Хитлер

Гледајќи дека таткото не може да го совлада својот гнев, исплашена, одлучила да го прекине тоа злоставување. Со својот грб се обидела да го заштити Адолф, но тоа сепак не можело да го спаси од ударите на таткото.

Факт со кој се потврдува дека Адолф ја сакал својат амајка повеќе од таткото е искажан и во книгата „Моја борба“ каде напишал: „Го почитував својот татко, но ја сакав својата мајка“.

 

 

Loading...

Се смета дека мајката била и единствената личност која тој ја сакал целиот живот, што многу влијаело на развојот на карактерот на Адолф.

Оваа фризура моментално ја носат многумина, но дали ја знаете нејзината вистинска порака?

Многумина сметаат дека корените на ужасот во Третиот Рајх и логорите на смртта треба да се бараат во детството на Адолф Хитлер и во односот кој тој го имал со својот татко, од кој и ја наследнил наклонетоста кон насилството.