ОУ „11-ти Октомври“ со бројни награди

Сподели со своите пријатели

Основното училиште 11-ти Октомври бележи одлични резултати на регионалните и државни натпревари во неколку области. Директорката Елизабета Костадиновска Костиќ посочи дека нивна ученичка освои прво место во фототехника и на тој начин се пласираше на меѓународен натпревар кој ќе се одржи во септември. Во категоријата архитектура и градежништво училиштето освоило четврто место. Значаен успех, односно прво место имаат постигнато и на регионалниот натпревар по македонски јазик, по што стекнатото знаење ќе го покажат на државно ниво. По предметот математика, 11-ти октомври има освоено три награди на регионалниот натпревар, исто како и во категоријата англиски јазик. Костиќ потенцираше дека на републичките оркестарски смотри освоиле трето место, а со прва награда се стекнал нивен ученик кој настапил со инструментот хармоника.

Loading...

-Би ја истакнала заложбата на наставниците нивниот вложен труд нивната умешност да го предизвикаат интересот кај учениците за секој предмет поединечно а потоа и индивидуално да ги откријат учениците кои имаат склоности кон тие предмети и секако работата на учениците, нивната поддршка од родителите вложениот труд дава резултати. Уште еден исклучителен успех на нашата ученичка Мелани Цветковска од седмо одделение која освои стипендија на приватното средно училиште Алгоритам во Скопје-додаде таа.

Учениците се задоволни што и покрај тешката конкуренција постигнале одлични реултати. Во рамки на проектот преку Мировен корпус, училиштето 11-ти октомври доби и смарт табла.

 

 

Loading...

Leave a Reply