Отворила Јутуб канал каде ги учи луѓето на практични животни вештини (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Растењето не е секогаш забавно и понекогаш носи многу обврски. Возрасните треба да готват, да перат алишта, да пеглаат, да складираат и многу повеќе, а некои се принудени да ги совладаат овие вештини уште во детството.

Loading...

За сите оние кои не ги совладале овие вештини и им се потребни секој ден, една жена понуди помош.

Таа отворила YouTube канал „Mom, How Do I?“, и започнала да ги учи луѓето на практични животни вештини како што се завиткување подароци, чистење фрижидери, потстрижување или правење кревети.

Таа била инспирирана од Роб Кени, татко кој сопствениот татко го оставил како дете, па преку Јутуб каналот Dad, how do I? одлучи да им даде на децата корисни совети, како на пример како да врзе вратоврска или да се смени автомобилската гума.

„Мислам дека е одлична идеја тој да одлучи да им помогне на луѓето кои немаат татковци или не се блиски со нив“, рече мајката во воведното видео.

Таа на своите придружници реши да им открие нешто повеќе за себе. Таа е најстарата од 12 деца и затоа морала да знае некои вештини уште на рана возраст.

Денес таа има шест деца и сака да им помогне на сите, без оглед на полот и претходното знаење, во совладувањето на основните трикови на животот.

До денес има собрано 55.800 претплатници, а нејзиното најпопуларно видео е она во кое објаснува како се пере.

Loading...

Следното е упатство за правилно бричење и правење плетенки.

 

 

 

Leave a Reply