Отворениот и затворениот базен ќе бидат отворени кон средината на јули (видео)

Сподели со своите пријатели

Затворениот градски базен е целосно завршен, се чека на финализирање на градежните работи на отворениот базен за да заедно во јули двата капацитети бидат свечено пуштени во употреба, вели првиот човек на градот, откако најавеното отворање за 5ти јуни беше пролонгирано.

Јас сакам отворањето да го спојам во едно. Затворениот и отворениот базен ги пуштаме и да не правиме сепарирано, да ги отвараме затворениот, па отворениот. Нашите надежи и желби се дека измеѓу 10-ти и 15-ти јули ќе биде пуштен отворениот базен, тоа ни е зацртан рок со изведувачот, некоја фаза е блиску до конечна имплементација, инаку затворениот е комплетно завршен. Пуштена е техничката проверка, први тестови на машинскиот дел и истиот е наполнет – вели Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

Дамјановски најави дека денес ќе биде распишана и постапка за уредување на мини парк на површината околу базените на самиот паркинг.

Ќе имаме неколку фонтани, неколку скулптури, тука ќе биде локација за оние споменици на паднати бранители од минатата година. Сите оние можни граѓански здруженија кои бараат локации ќе ги дадеме како можност да бидат поставени, меѓутоа ќе бидат и други поставени. Ќе биде со мало амфитеатарче, парк за млади – додава Дамјановски.

Тој истакна дека набргу се очекува да заврши изградбата на тениските игралишта до Спортската сала кои ги гради Агенцијата за млади и спорт, а кои ќе бидат дадени на стопанисување на Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово.

 

Loading...