Отворена истрага за убиството на полицаецот Станишевски

Сподели со своите пријатели

Основното јавно обвинителство Куманово оформи предмет за убиството на полицаецот Горан Станишевски, кој минатата недела беше смртно повреден во населбата Средорек додека приведуваше ментално болен човек поради семејно насилство.

Надлежниот јавен обвинител издаде наредба за спроведување на истражна постапка и ги презема сите неопходни дејствија за расветлување на случајот. Во моментов, не можеме да споделуваме детали за текот на истрагата, секоја информација што ќе биде од интерес за јавноста и нема да пречи на истрагата ќе биде достапна за јавноста кога ќе се создадат услови за тоа – се вели во одговорот на Обвинителството на прашањата на САКАМДАКАЖАМ.МК.

Истрагата треба да утврди дали има одговорност и пропусти во лекувањето на Енвер Бајрамовски (33), кој и покрај тоа што имал сериозни здравствени проблеми на 25 јули бил пуштен дома од психијатриската болница во Бардовци, а кога му се влошила здравствената состојба и таткото сакал да го врати, во болницата не го примиле со образложение дека нема место и дека е здрав да престојува во домашна средина. Ден потоа, Бајрамовски добил напад на агресија и прво ги претепал мајка му и сестра му, а вечерта уби полицаец.

Убиството се случи минатата сабота околу 22.30 часот, додека Станишевски со уште тројца негови колеги се обидувал да го приведе насилникот во неговиот дом во Средорек, како асистенција на Брза помош. Во еден момент, Бајрамовски земал нож и го прободел полицаецот во грб. Од повредите тој почина во Кумановската болница. По убиството, Обвинителството ги потврди кажувањата на родителите дека Бајрамовски има сериозни психички проблеми, поради што со години се лекувал во психијатриската болница во Бардовци.

Текстот е преземен од СДК.МК

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...