Отворен првиот фонд за парична помош на жени жртви на насилство

Сподели со своите пријатели

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство го отвори првиот фонд за парична помош на жени жртви на насилство кои сакаат да ја напуштат насилната средина – Интервентен женски фонд.

Отворањето и промоцијата на фондот е во рамки на глобалната кампања „16 дена активизам против насилство врз жените“.

Фондот ќе биде наменет за помош на жени кои се жртви на насилство и кои сакаат да ја напуштат насилната средина. Иницијалната помош ќе биде за обезбедување на медицинска документација, извештаи од специјалисти, за ангажирање адвокат до моментот на добивање бесплатна правна помош, како и други итни мерки за поддршка на жената да излезе од насилната врска.

Од Националната мрежа информираат дека изготвиле критериуми за тоа кој би можел да добие средства од фондот, како и за процесот на доделување на средствата. Еден од основните критериуми е жената да биде подготвена да ја напушти насилната средина.

За полнење на фондот, покрај повикот до локалната самоуправа и до приватните фирми, Националната мрежа ги повикува и сите физички лица кои сакаат да помогнат на жените жртви на насилство, да донираат на телефоните ОнеВИП – 143 477, Т-мобиле – 070 143 300 и на жиро сметката 200003247799194, Стопанска Банка АД-Скопје.

Извор: МИА

Loading...