Отсекот за превенција со кампања „Стави појас“ во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Стави појас“ е најновата кампања која денеска ја започна Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово, која се спроведува во соработка со Општински совет за безбедност на сообраќај на патиштата поддржана од Републичиот совет, заедно со ученици од Училишната сообраќајна единица.

Loading...

 

 

Кампањата, како што вели Виолета Богдановска, началник на Отсекот за превенција, е со цел да им се укаже на возачите за потребата од носење заштитен појас, но и казните со кои можат да се соочат доколку тоа не го почитуваат.

– Отпочнуваме уште една кампања која се однесува на ставање заштитни појаси „Стави појас“ и согласно законските одредби задолжително е ставање заштитни појаси и за возачите и за оние што се превезуваат и на предните и на задните седишта. Во однос на законските прописи се изрекува парична казна за возачот во висина од 40 евра, а за совозачот и другите сопатници во висина од 50 евра во денерска противвредност со законска можност во рок од 8 дена да се плати, се плаќа половина од оваа вредност, изјави Богдановска.

 

Loading...

 

Денеска учениците од Училишната сообраќајна единица од ООУ „Толи Зордумис“ заедно со пејачот Мартинијан Кириловски делеа флаери на возачите.

– Инаку кампањата  е во соработка со Општински совет за безбедност на сообраќај на патиштата поддржана од Републичиот совет, денеска учениците од Училишната сообраќајна единица од училиштето Толи Зордумис поделија флаери, миризливи флешери за во автомобили, маички со мото на проектот на возачи, случајни минувачи. Ваквата акција и кампања ќе продолжи и во следните денови. Нашата цел е да се вклучат во вакви кампањи и познати личности од нашиот град. Денеска во кампањата учествуваше нашиот сограѓанин Мартинијан Кириловски, рече Богдановска.

 

 

Во рамките на кампањата, како што информираше началничката, ќе се спроведе и натпревар помеѓу училишните сообраќајни единици.

– Сега во рамките на училиштата ќе се направи електронско тестирање со пополнување на тестови, екипно ќе се земаат резултатите во секое училиште, а најдобриот поединец во секое училиште ќе се натпреварува на заеднички натпревар помеѓу најдобрите членови за да добиеме најдобри поединци, и најдобра екипа како училишта сообраќајна единица, појасни Богдановска.

Loading...

 

 

Инаку на подрачјето на Општина Куманово има вкупно 11 училишни сообраќајни единици.

 

 

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply