Отпочнаа подготовките за за изградба на локален пат во кривопаланечко Голема Црцорија

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден во Општина Крива Паланка се оддржа работна средба помеѓу претставници од Општина Крива Паланка со претставници на  месното население  од  месната заедница на село Голема Црцорија.

Loading...

Во рамки на средбата се разговараше за заедничката соработка со месното население и Општина Крива Паланка во насока на забрзување на постапките кои се неопходни за целосна и навремена реализација на проектот за изградба на локален пат во село Голема Црцорија-делница од асфалт маала Рупје до маала Баратлици и крак до месното училиште.

Leave a Reply