Откритие на Нептун кое ги изненади научниците

Сподели со своите пријатели

Бура со широчина од скоро 10.000 километри го зафатила Нептун, а научниците тврдат дека е во прашање многу изненадувачко откритие.

Она што научниците посебно ги изненадило, биле масивни облаци во близина на екваторот, каде никогаш до сега не биле забележани. Експертите истакнуваат дека таквите облаци се нормална појава за делови околу половите.

Тие веруваат дека бурата, голема скоро колку и Земјата, можело да ја предизвика голем вртлог, под силен атмосферски притисок, усидрен длабоку во атмосферата. Се претпсотавува дека се гасови, настанати во вртлогот, ладни и кондензирани тие формирале облаци.

За разлика од водените облаци на Земјата, болаците на Нептун содржат метан.

Професор од Универзитетот Калифорнија истанува дека на Нептун и претходно се јавувале такви форми, но дека се јавувале близу до половите.

Никогаш претходно облаците не беа формирани толку близу екваторот, ниту некогаш биле толку јасни -вели професорот.

Сепак тоа можеби не е поврзнао со вртлогот, туку би можело да биде во прашање голем конвективен облак кој се гледа и на другите планети, вклучувајќи го и оној на Сатурн забележан во 2010 година. Доколку станува збор за тоа, во наредните недела дена би можело се да се рачисти.

Оваа појава на Нептун ја забележал дипломираниот студент Нед Молтер за време на тест во опсерваторијата на Хаваите.

Молтер, кој забележал дека оваа планета помеѓу 26 јуни и 2 јули била многу посветла, рекол дека да се види бура на толку ниска географска широчина навистина е нешто многу изненадувачко.