Откритие кое го менува погледот на историјата: Откриена масовна горбница стара 5.000 години

Сподели со своите пријатели

Масовна гробница пронајдена е пред неколку дена во Кенија, а научниците тврдат дека станува збор за откритие од големо историско значење.

Тим истражувачи и археолози, пред неколку дена откриле масовна гробница на едно од најстарите и најголеми региони на Источна Африка.

Се верува дека сточарите кои живееле на тоа поднебје гробницата ја изградиле пред повеќе од 5.000 години. Група сточари која го населувала овој предел, е прва таква организирана група во тој дел на Африка.

Археолозите во Унгарија дошле до фасцинантно откритие

Loading...

Според легендата на Туркан столбовите кои се наоѓаат на локалитетот, некогаш одамна биле луѓе кои играјќи се на тоа место се обиделе да го одоброволат божеството да им даде дожд. Еднаш во нивниот круг, за време на играта, се обидел да влезе непознат човек, кого го отфрилиле. Бидејќи во прашање бил еден од боговите, од гнев ги претворил играчите во камења.

Гробницата се состои од камена платформа, широка 30 метри во пречник, на чиј централен дел се наоѓа камен столб, по што и локалитетот го добил името. Во самата гробница се наоѓаат посмртните остатоци на 580 мажи, жени и деца.

– Сите посмртни остатоци, подредени се еден до друг, без знаци на некој специјален третман и секој носел приближно ист број украси на себе, рекле археолозите кои се наоѓаат на локалитетот.

Проценувале штета од земјотрес па откриле храм стар 3.000 години (ВИДЕО)

Локалитетот е наречен „Лотгам северен столб“ и е еден од шесте познати гробници во околината на езерото Туркан во Кенија.

Украсите кои се нашле во гробницата направени се од лушпи на јајце од ној и камен, а ја осликуваат древната култура на луѓето кои некогаш живелее на овие предели.

Познавачите на историјата велат дека ова е само еден од показателите на длабоката културна традиција на старите цивилизации на овие простори. Со оглед на суровите временски услови на овој дел од Африка, сите посмртни остатоци, како и украсите се многу добро сочувани.

Оваа гробница, официјално е најстариот културен споменик во Африка.

Leave a Reply