Открила дека партнерот ја изневерува поради една ситница што ја пронашла во неговиот куфер (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Една корисничка на ТикТок решила со своите следбеници да ги сподели проблемите кои моментално се случуваат помеѓу неа и нејзиниот сопруг, а со секоја објава сè повеќе ги шокирала и заинтересирала.

Loading...

Беки прво открила дека нејзиниот сопруг отишол на службено патување – во кое биле и неговата поранешна девојка и сегашната колешка. Само тој факт беше доволен за Беки да се чувствува непријатно, а потоа почнале да се случуваат сомнителни работи.

 

 

Таа отворено му призна како се чувствува, а тој рече дека нема причина да се грижи бидејќи „не ја сака веќе бившата, тој ја прашал и таа рекла дека не чувствува ништо повеќе“. На таа изјава, Беки праша зошто воопшто разговарал со неа за тоа, но таа не добила одговор.

Подоцна престанал да одговара на пораки за да каже следниот ден дека заспал во 20:30 бидејќи бил уморен од цел ден, а на прашањето како точно се вика хотелот во кој престојувал не сакал да одговори. „Ќе ти ги покажам фотографиите кога ќе се вратам дома“, напишал тој. Потоа рече дека патувањето се продолжува и дека сè уште нема да се врати дома, што особено ја вознемири Беки.

 

Loading...

 

Тој се врати, а таа отиде да го отпакува неговиот куфер – и беше шокирана. Нашла вештачки нокт залепен на еден од неговите чорапи. „Не правам нокти од Божиќ и не ги носам овие што само се лепат“, напиша таа во објавата. Неколку дена го ставаше пронајдениот нокт на неговите работи за да може самиот да го види, но тој секогаш само го преместуваше на друго место. На крајот го ставила во сендвичот што му го подготвила, а тој само изнел дека нејзината шега не е смешна.

Многумина и напишале дека нејзиниот инстинкт секако добро зборува за неа и дека сите овие ситуации се јасен знак дека нејзиниот сопруг не и е верен, пренесува The Sun.

 

https://www.tiktok.com/@mealswithbecky/video/7055461593248894255?is_from_webapp=1&sender_device=pc&web_id7052228118732375557