Откриени 52 илегални мигранти во липковско од Африка и Азија

Сподели со своите пријатели

Мигранти од Африка и Азија кои илегално биле во земјава биле откриени рано утринава во околината на Лојане, општина Липково.

Loading...

– На 23.09.2021 во 06.30 часот во атарот на с. Лојане, општина Липково, поточно кај место викано „Шорта“, од полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север биле откриени 52 лица илегални мигранти со потекло од африкански и азиски земји, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тие биле приведени и однесени во Транзитниот центар Табановце.

Четири лица од Пакистан биле лишени од слобода затоа што кај нив биле пронајдени нелегални супстанци и ладно оружје а биле посочени и дека физички ги напаѓале останатите од групата.

Тие се предадени во СВР Куманово.

По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Никола Ивановски