Откриена уште една потецијално населива планета (видео)

Сподели со своите пријатели

Меѓу планетите кои се најблиску до нашиот Сончев систем, второ место го зазема новооктирената Рос 128, за која постои можност да пружа услови за живот, наведуваат светските медиуми.

Таа планета е скоро со иста големина како Земјата и можно е да има слична температура на својата површина, што доведува до претпсотавката дека таму би можел да се развие живот, наведува CNN.

Снимка од череп и дрво на Марс? Дури и НАСА вели дека нешто е чудно (видео)

Loading...

Условите на новата планета изгледаат многу подобри отколку на другите ѕвезди во нашето соседство, пишува Гардијан, кој констатира дека таа личи на нашата планета, што значи дека можеби би можеле да запознаеме и вонземјани доколку таму живеат, или пак и самите да се преселуваме таму.

Астрономите планетата Рос 128 ја пронашле користејќи го инструментот HARPS (High Accuracy Radial velocity Planet Searcher), кој се наоѓа во опсерваторијата „La Sila“ во Чиле, а своето пронаоѓање детално го опишале во студијата која е бојавена во среда во списанието „Астрономија и астрофизика“.

На Марс пронајдени рушевини на древен град? (видео)

На секои 9,9 дена, планетата Рос 128 прави круг околу истоимената, студена ѕвезда, која се наоѓа во стадиум на „црвено џуџе“.

Поради својата богата природа и фактите дека и другите т.н. егзопланети најдени во околината на ѕвезди од типот „црвени џуџиња“ се проучуваат се почесто, во надеж дека ќе бидат пронајдени уште егзопланети.