Откриена ѕвезда одалечена од Земјата 9 милијарди светлосни години (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Хабл, телескоп на Американската агенција за истражување на вселената (НАСА), забележал ѕвезда, девет милијарди светлосни години одалечена од Земјата, пренесува агенцијата Анадолија.

СЕНЗАЦИОНАЛНО ОТКРИТИЕ: Октриена планета слична на Земјата на која е можен живот (видео)

Loading...

Научниците на НАСА за време на истражувањето на суперновата забележале светло, за кое дополнително установиле дека всушност е посебна ѕвезда.

Потврдено е дека се работи за најдолачената поединечна ѕвезда некогаш забележана. Обично е невозможно да се забележат ѕвезди подалеку од 100 милиони светлосни години, дури и користејќи најсилни телескопи.

ЦРНА ДУПКА ИЛИ ВОНЗЕМЈАНИ: Од каде доаѓаат мистериозните сигнали?

Научниците истакнуваат дека е можно да се видат многу одалечени галаксии и супернови, но откривање на изолирана ѕвезда на толкава далечина е единствено. Научниот тим го предводи Патрик Кели, астроном од Универзитетот во Минесота.

– Можете да видите поединечни галаксии, но оваа ѕвезда е барем 100 пати поодалечена од следната поединечна ѕвезда која можеме да ја анализираме, рекол Кели.

Откриена ѕвезда која „јаде“ планети

Овој син супердив наречен е „Икар“, по истоимениот лик од грчката митологија чии крилја, според легендата, се стопиле, затоа што премногу се доближил до сонцето.

Кели додава дека ѕвездата ја забележале при истражување на супернова која ја откриле во 2014. година.

Вселената крие голема тајна: Паралелниот универзум постои, а ова е доказ! (видео)

Се претпоставува дека помодерно опремениот телеском „Џејмс Веб“, кој во вселената би требало да биде испратен во 2020. година ќе овозможи подетално истражување на ѕвездите на толкава одалеченост.

Телескопот „Хабл“ е проект формиран во соработка на НАСА и Европската вселенска агенција, а лансиран е во 1990. година.

Leave a Reply