Откриена четврта агрегатна состојба на водата (видео)

Сподели со своите пријатели

Добро е познато дека молекулите на водата се јавуваат во три состоби – цврста, течна и гасовите. меѓутоа, научниците неодамна откриле и четврта состојба на материјата.

Истражувачи од Одделението за енергија при Националната лабалаторија Оук Риџ откриле дека водата се јавува и во четврта агрегатна состојба кога нејзините молекули се премногу збиени. Тогаш квантните ефекти ги надминуваат законите на класичната физика. Четвртата состојба научниците ја имаат предвидено пред скоро четири децении, но доказите до сеа не беа пронајдени во природата.

Конечно, сега докази се откриени во дводимензионален материјал сличен на графен.

Физичарите водата ја довеле до таква состојба што ја збивале во тесни канали со материјалот берил (берилиум-алуминиумски циклосиликат).

Откако водата ја втиснале во пет ангстреми на широките канали, нејзините молекули станале делокализирани и започнале да „тунелираат“. Тунел ефектот или тунелирањето е појава во која атомска честичка совладува потенцијална бариера дури и кога нејзината сила е пониска од висината на енергетската бариера. Во класична физика такво нешто е можно, но законите на квантната тоа го овозможуваат.

По влегувањето во квантниот свет, атомите на молекулите вода можат да постојат во повеќе состојби истовремено. Имено, атомите на водород разиваат шест различни симетрични ориентации околу атомот на кислород, формирајќи форма на прстен околу централниот атом, наместо да стојат како антени околу него, како што е вообичаени.

Атомите на водород доведуваат до зголемување на температурата додека тунелираат измеѓу сите можни конфигурации.

Според физичарите, интересн факт кога се работи за квантано-спинова течност е тоа што атомите го губат својот диполен момент, откако ќе се најдат во нивната конфигурација. Така молекулот добива поголем негативен набој од агол на кислородот, а поголем позитивен од страна на водород. Кога диполниот момент ќе се изгуби, водата веќе не се однесува како универзален растворувач, затоа што молекулите веќе немаат способност да се врзуваат со другите молекули, однсоно атоми.

 

Loading...