ОТКРИЕН ОГРОМЕН КРИМИНАЛ: Како криминалците переле пари низ најголемите светски банки?

Сподели со своите пријатели

Некои од најголемите банки во светот им дозволиle на криминалците да префрлаат валкани пари во износ од околу две милијарди долари, покажуваат документи кои протекоа во јавноста.

Loading...

Според Би-Би-Си, документите покажуваат како руските олигарси ги користеле банките за да избегнат санкции, кои требало да ги спречат да префрлаат пари на Запад.

Тоа е последно во низата протекувања во изминатите пет години, кои обелоденија тајни зделки, перење пари и финансиски криминал.

Таканаречените досиеја FinCEN се состојат од повеќе од 2.500 документи, од кои повеќето се досиеја испратени од банките до американските власти во периодот од 2000 до 2017 година.

Документите содржат некои од најстрого чуваните тајни на меѓународниот банкарски систем.

Тие покажуваат дека најголемата британска банка HSBC им дозволила на измамниците да пренесат повеќе милиони долари украдени пари низ целиот свет, дури и откако од американските истражители дознале дека станува збор за измама.

Американскиот „ЈП Морган“ и овозможил на една компанија да префрли преку милијарда долари преку сметка во Лондон, без да знае кој е сопственик. Банката подоцна открила дека е можно компанијата да е во сопственост на мафијаш од списокот на ФБИ за десетте најбарани криминалци.

Документите што протекоа тврдат, а постојат и докази дека еден од најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин ја користел „Баркли банка“ во Лондон со цел да избегне санкции што требало да го спречат да користи финансиски услуги на Запад.

Loading...

Како што се наведува, дел од парите биле искористени за набавка на уметнички дела.

Според одделот за разузнавање на ФинЦЕН, Велика Британија се нарекува „јурисдикција со поголем ризик“ како Кипар. Ова се должи на бројот на регистрирани компании во Обединетото Кралство кои се појавуваат во извештаи за сомнителна активност (САР).

Повеќе од 3.000 компании од Велика Британија се именувани во досиејата на FinCEN, повеќе отколку од која било друга земја.

Документите исто така покажуваат дека централната банка на Обединетите Арапски Емирати не реагирала на предупредувањата за локалната компанија која му помага на Иран да избегне санкции.

Исто така, како што се наведува, Дојче банк префрлила валкани пари стекнати од организиран криминал, од терористи и трговци со дрога.

Досиејата исто така покажуваат дека британската „Стандард чертерд“ пренесувала готовина на Арапската банка повеќе од десет години, откако сметките на клиентите во јорданската банка биле искористени за финансирање на тероризам.

Документите излегоа на „Базфид њуз“ и беа споделени со група истражувачки новинари од целиот свет, кои ги доставија до 108 новински организации во 88 земји.

FinCEN е американска мрежа за истрага на финансиски криминал. Станува збор за лица од Министерството за финансии на САД, кои се борат против финансискиот криминал.

Loading...

Сомневањата во врска со трансакциите направени во американски долари мора да бидат испратени до FinCEN, дури и ако тие се случуваат надвор од САД.

Извештаи за сомнителна активност (САР) се пример за тоа како се забележуваат овие сомневања.

Банката мора да пополни еден од овие извештаи доколку се сомнева дека некои нејзини клиенти прават нелегално деловно работење, а потоа извештајот се испраќа до властите.

Според извештајот, банките треба да осигурат дека не им помагаат на клиентите да перат пари или да ги преместуваат на начини што ги кршат правилата.

Според законот, тие мора да знаат кои се нивните клиенти. Не е доволно да се поднесе САР и да се земат валкани пари од клиенти, очекувајќи властите да го решат проблемот.

Доколку имаат докази за криминална активност, треба да престанат да ги пренесуваат парите.

Leave a Reply