Откриен најстариот пештерски цртеж на животно, стар 45.000 години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Археолозите во Индонезија откриле цртеж на животно во пештера, за кој се проценува дека е најстар во светот.

Loading...

Се претпоставува дека сликата на дивата свиња е направена пред 45.500 години.

Сликарот користел темно црвен и окер пигмент додека работел на цртежот на дива свиња, кој бил откриен во пештерата Леанг Тедонгџ во оддалечениот дел на островот Сулавеси.

Ова откритие е доказ за најраната популација која го населувала регионот.

– Луѓето што го направиле ова биле целосно модерни, тие биле како нас. Тие имале капацитет и алатки да направат слики што ги сакаат – рече еден од авторите на извештајот за откритието, Максим Оберт.

Оберт го идентификувал калцитот што се формирал на горниот дел од цртежот и со користење на изотопи на ураниум, тој можел да утврди дека сликата е стара 45.500 години, пренесува Би-Би-Си.

– Сепак, цртежот може да биде уште постар, бидејќи го истражувавме калцитот што го најдовме на горниот дел од цртежот – објасни Оберт.

Сликата е со димензии 136 на 54 сантиметри, а откриени се и два човечки отпечатоци на грбот на свињата. На сликата наспроти, може да се видат уште две диви свињи, кои се само делумно зачувани.

Loading...

Коавторот на откритието, објавен во списанието „Science Advances journal“, Адам Брум, рече дека се чини дека свињата набљудува борба или социјална интеракција помеѓу две животни од ист вид.

За да направат отпечатоци, уметниците морале да ги стават рацете на површината пред да нанесат пигмент преку плунка, тврдат истражувачите.

Тие се надеваат дека ќе можат да ги земат наодите од ДНК од остатоците од плунка за да дознаат повеќе за овие луѓе.

 

Leave a Reply