Откажано доделувањето на Греми наградите

Сподели со своите пријатели

Овогодинешното доделување на Греми наградите дефинитивно е одложено, поради големиот број на заразени со коронавирусот во САД, иако стапката на смртност меѓу нив засега е многу ниска, пишува Дејли Мејл.

Loading...

По шпекулациите дека оваа церемонија би можела да се одложи, пристигна официјална потврда во форма на изјава во која се наведува високата стапка на зараза со новиот вид на коронавирус – омикрон.

„По детална анализа и внимателна дискусија со политички претставници и здравствени експерти, заедницата на уметници и нашите партнери одлучија да го одложат 64-тото доделување Греми награди. Здравјето и безбедноста на музичарите, публиката и луѓето кои работат на настани остануваат наш главен приоритет“,се вели во соопштението во кое се додава дека наскоро ќе биде објавен нов датум.