Откако го објави купувањето на Твитер за 44 милијарди долари, Маск игубил 49 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Илон Маск изгубил повеќе од 60 милијарди долари од почетокот на годината, но има и такви кои поминаа уште полошо.

Loading...

Кога најбогатиот човек на светот реши да се впушти во „борба за слобода на говор“ на Твитер и да плати дури 44 милијарди долари, веројатно не очекуваше дека берзата ќе биде песимистичка како што е денес. Имено, од почетокот на годината акциите на Тесла, чиј најголем акционер е Маск, се во голем дефицит, а откако објави дека ќе го преземе Твитер, нивната вредност се намали за речиси 30 отсто.

 

 

Како што се намалува вредноста на акциите на компанијата, така се намалува и вредноста на нивните акционери, а бидејќи Маск е најголемиот акционер, јасно е дека тој го поминал најлошото. За нешто повеќе од еден месец Маск изгубил, односно неговото богатство е намалено за цели 49 милијарди долари, повеќе од цифрата што има намера да ја потроши на Твитер.

Маск загуби повеќе од 60 милијарди долари од почетокот на годината, но има и такви на кои оваа година им донесе поголеми минуси. Така, извршниот директор на Binance, Чангпенг Жао, годинава има дефицит од повеќе од 80 милијарди долари, а не се снајде најдобро ниту Џеф Безос, со загуба од 62 милијарди долари.

 

Loading...

 

Сепак, нема потреба да се грижите за сметката на Маск бидејќи тој и понатаму е најбогатиот човек на светот. Дури и со дефицит од 60 милијарди долари, вредноста на неговото богатство е повеќе од 200 милијарди долари, објави Fortune.

Што се однесува до Тесла, неговата вредност беше 117 милијарди долари во јануари 2020 година, за да забележи голем пораст за време на пандемијата и надмина една милијарда долари во октомври минатата година. По неколкумесечен пад, неговата вредност сега изнесува околу 735 милијарди долари.